Халкбанк ја продолжува својата мисија за женска финансиска слобода и рамноправност: на повидок е „Фустани со џебови” 2.0

- Advertisement -

Креативната кампања на Халкбанк посветена на поддршката на жените, популарно именувана како „Фустани со џебови” го добива својот продолжеток оваа година.

Платформата која Халкбанк посветено започна да ја гради минатата година, а која за своја цел го има градењето и поддршката на финансиската и економската самостојност на жените и преку која беа директно донирани средства во Женскиот интервентен фонд, оваа година ги вклучува македонските дизајнери Јована Филиповиќ, Mарјан Бебекоски, Ирина Тошева, Наталија Терзија, кои повторно преку своите уникатни креации ќе бидат дел од продажна кампања.

- Advertisement -

Централната фигура во овие креации е џебот, инкорпориран како детаљ кој најчесто отсуствува од женската гардероба, која традиционално се изработува низ историјата. Џебот во овој контекст служи како симбол за финансиска слобода и рамноправност. 

Денес во јавноста беше промовирано најавното видео, кое го означува почетокот на уште една од низата активности на Банката, посветени на мотивирање на бизниси основани и раководени од жени.

- Advertisement -

Собраните средства од оваа кампања, повторно ќе бидат донирани за жени од ранливи социјални категории.

Погледнете го најавното видео за „Фустани со џебови” 2.0

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -