Huawei и Amazon се договорија меѓусебно да ги користат патентите

- Advertisement -

Amazon и Huawei склучија повеќегодишен договор за меѓуребно лиценцирање на патентите, кој ќе ги реши досега нерешените спорови меѓу двете компании. Имено, компаниите имаа правни проблеми врзани за користењето на патентите, а сега конечно успеаја да се договорат благодарение на интензивните разговори кои осигураа да се почитуваат интересите на носителите на патентите, како и на тие што ги имплементираат.

Huawei со задоволство ќе разменува патентни права со Amazon, а лиценцирањето на патентите го проширува бројот на компании кои можат да го користат она што инаку би било сопственичка технологија. Тоа, за возврат, на потрошувачите им овозможува поиновативни производи и услуги, велат од Huawei.

- Advertisement -

Оттаму додаваат дека континуирано инвестираат во истражување и развој и се наоѓаат на врвот на листата по бројот на поднесени пријави за патенти. Amazon го почитува глобалното портфолио на патенти, иновации и придонес во процесот за стандардизација на Huawei. Amazon, исто така, ги почитува напорите на Huawei да ги лиценцира своите патенти за компании како Amazon, кои често ги користат техничките стандарди кога осмислуваат нови проиводи и услуги за купувачите, изјавија од Amazon.

(Poslovni Dnevnik)

Сподели!
- Advertisement -