Автомобилскиот бренд „Гили“ отвора прв изложбен салон во Скопје

- Advertisement -

Автомобилскиот бренд „Гили“ (Geely) ќе отвори изложбен салон во новиот трговски центар Џевахир Мол Скопје. Со отворањето на првиот салон, „Гили Атлас“ (Geely Atlas), „Гили Кулреј“ (Geely Coolray)  и „Гили Старреј“ (Geely Starray) влегуваат на македонскиот пазар и ќе станат достапни и за македонските купувачи.

Салонот е дизајниран според високите стандарди на производителот и нуди доволно голем простор за изложбено претставување на автомобили. Џевахир Мол Скопје е првиот трговски центар со изложбен салон од вакви размери и што може да понуди егзибициско презентирање на перформансите на автомобил.

- Advertisement -

Кинескиот Гили е светски гигант во оваа индустрија и е еден од најпродаваните авто брендови за 2023 година на светско ниво. Гили во својата групација поседува светски познати брендови како што се Волво, „Линк&КО“ (Lynk&Co), „Полстар“ (Polestar), „Зикр“ (Zeekr) и “Смарт“ (Smart). Палетата на брендови на Гили ја зачувуваат практичноста на кинескиот автомобил, во комбинација со европската ДНК на моторот и размена на технологија помеѓу своите брендови.

Џевахир Мол Скопје се отвора на 29 март, а дел од брендовите коишто ќе бидат застапени со свој продажен простор се турскиот бренд за детска облека Панчо, Синсеј, ДеФакто, хипермаркетот Кит-Го, Урбан кафе Франк, Сара Фешн и ДМ.

Сподели!
- Advertisement -