Биткоин на рекордни нивоа – за една година поскапе за 200%

- Advertisement -

Најпознатата криптовалута биткоин стигна чекор поблиску до највисоката цена во историјата на своето постоење. Така, со вредност од околу 68.990 долари денес бтикоин е поскап отколку цените забележани во текот на пандемијата. Пазарната капитализација на биткоин достинг 1,28 трилиони дикари од декември 2021 година.

Биткоин, кој сочинува повеќе од половина од сите риптовалути во оптек, порасна за над 200% во последните 12 месеци, според CoinMarketCap. Растот бил поттикнат и од т.н. halving, кој би ја намалил наградата во биткоин која ја добиваат рударите кои создаваат биткоин со рударење. Намалувањето на наградата која ја добиваат тие за верификација на трансакциите во биткоин на блокчеин на речиси половина треба да ја намали исплатливоста на создавањето нови биткоини. Си тоа се намалува понудата на биткоини, а секое намаување, покрај постојаната понуда, доведува до раст на цената. Тоа вештачко создавање на недостиг на криптовалутата доведува до раст на цената.

- Advertisement -

Тоа вештачко создавање недостиг се смета за позитивно за цената на биткоин. Самата најава на halving создава очекување на раст на цената, а со самото тоа и реален раст на цената. Нешто слично се случува и на класичните брзи, кога очекувањето дека цената на некоја акција или повеќе акции ќе расте, во иднина доведува до поголема побарувачка за тие акции.

Така цената на биткоин за само една гоидна порасна за над 200%. Ако гледаме од првиот ден на појавата на биткоин до денес, цената на оваа криптовалута е зголемена за речиси 50.000%.

- Advertisement -

(Poslovni Dnevnik)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -