Илон Маск лансира копија на YouTube за паметни телевизори

- Advertisement -

Според тврдењата на SamMobile, Илон Маск и неговиот тим се подготвуваат да стартуваат услуга на видеостриминг слична на YouTube, која ќе постои во склоп на платформата X. Тоа го најави Илон Маск и рече дека ова ќе биде ултимативна опција на X сервисот, што треба да значи дека на неа ќе може да се прикачуваат и да се емитуваат филмови со неограничено траење.

Новата услуга, која велат дека можеби ќе се вика XTube, ќе пристигне прво на паметните телевизори Samsung и на Amazon Fire TV, но уште не е познато дали ќе биде поддржана од стандардните телефони и компјутери.

- Advertisement -

Она што е сигурно е дека новиот сервис ќе има бројни алатки за огласувачи, кои наводно ќе прикажуваат реклами пред самите филмови, затоа што Маск наводно не сама да ја повторува праксата на YouTube да ги става рекламите во самите филмови.

Засега уште не е познато кога ќе биде покрената новата стриминг услуга и кои се опции ќе ги има.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Deviant Art)

Сподели!
- Advertisement -