Повеќе од 60 години после смртта на актерката Мерилин Монро незината дигитална верзија, создадена со помош на вештачка интелигенција, ќе биде претставена на технолопка конференција на фестивалот South by Southwest во Остин, Тексас.
Прикажана преку компјутерски екран во црна долчевита и со пикси фризура, дигитакната верзија на оваа славна актерка ќе ги возбуди посетителите и ќе разговара со нив.
На неодамнешното тестирање дигиталната Мерилин разговарала за својата омилена улога на Шугар во комедијата „Some Like it Hot“ од 1959 година. Таа вели дека смета оти тој сексaпилен, но ранлив лик бил голем предизвик како улога. Препорачала и други свои комедии како „Gentlemen Prefer Blondes”.
Дигиталната Мерилин Монро ја создаде компанијата Soul Machine, специјализирана за креирање реалистични дигитални личности, во соработка со Authentic Brands Group, маркетинг компанија која ги поседува правата за репродукција на фотографии од Монро, како и од други починати ѕвезди.
Секој разговор со Мерилин е посебно чувство, вели Грег Грос, соосновач и директор на Soul Machines. Ви се чини како да имате посебен однос со една икона, додава тој.
(Zimo)
(фото: jenikirbyhistory)