Пластиката која ја произвеле луѓето тежи повеќе од сите животни на планетата Земја

- Advertisement -

Пластиката е неверојатен изум, кој нашол примена во секој сегмент од нашите животи – не грее или лади, овозможува достава на секакви производи, но се повеќе се наоѓа таму каде што не и е место – во почвата, во водата во океаните и во стомакот на птици, цицачи итн.

Всушност, тежината на целата пластика која сме ја произвеле сега е поголема од тежината на сите копнени и морски животни. Можеби главниот проблем на загадувањето со пластика не е во тоа што ја користиме, туку на кој начин ја користиме. Пред се, треба да имаме на ум дека пластиката е резноврстен производ кој е премногу корисен и чија употреба е неминовна во многу области.

- Advertisement -

Прв пат е создадена во 1860-тите години, со намера да ја замени слоновата коска која се користи за топките за билијард. Пластиката станала популарна во војската во текот на Втората светска војна, но комерцијалната примена почнала да се шири во текот ан 1960-тите години. Оттогаш е произведена во многу различни форми, вклучувајќи акрил, полистирен, најлон, полистер и винил, а е инкорпорирана во секој аспект од животот.

Причината за тоа е што е многу евтина и лесно се произведува, но сето тоа има страшни последици по нашата планета. Бидејќи најголем дел од пластиката се базира на нафта, нејзината употреба придонесува за климатските промени и се смета за одговорна за околу 3,5% од вкупната емисија на стакленички гасови.

- Advertisement -

Дел од пластиката може да се рециклира, но тој процент е само околу 9%. Кога се рециклира, тој квалитет се влошува. И без оглед на тоа колку океански или речни чистења организираме, нашата околина едноставно не може да се носи со нашата љубов кон еднократната пластика.

Конвенционалната пластика може да се разгради за 20 до 500 години, при што просечната пластична кеса од супермаркет може да се разгради за околу 20 години, а едно пластично шише за околу 450 години.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -