Австралиски милијардер ќе прави реплика на Титаник – ќе чини милијарда долари

- Advertisement -

Титаник II ја заинтригира целата јавност во светот откако австралискиот милијардер Клајв Палмер најави дека неговата бродска компанија Blue Star Line ќе го рекреира познатио брод. Иако ќе биде еднакво ликсузен како оригиналот, Титаник II ќе ги има сите модерни поволности, како и технологии од 21 век и најновите навигациски и безбедносни системи.

Палмер сака да ја направи оваа реплика на познатиот брод кој потона во 1912 година со повеќе од 2.220 луѓе на него, од кои преживеаја само 700. Сепак, нагласува дека сака да направи Титаник без трагичен крај и дека сака мир во светот.

- Advertisement -

„Сите знаеме како да војуваме. Добиваме војски и финансираме војни. Луѓето знаат за тоа, но многу потешко е да се донесе мир. За да постигнете мир, треба да се држите до тоа секој ден. Да напредувате метар по метар. Titanik II е нешто што може да пружи мир. Тоа може да биде брод на мирот за сите земји во светот. Милиони сонувале да пловат на него, да го видат во пристаниште и да го дожиувеат тоа неверојатно искуство. Титаник II ќе биде бродот на кој ќе се остваруваат тие соништа“ вели Палмер.

Тој прв пат ги најави своите планови за бридот во 2012 година, а потоа повторно во 2018 година. Шест години подоцна тој повторно го најави својот проект на прес-конференција. Во 2019 година бепе најавено дека репликата на Титаник ќе заплови во 2022 година и тогаш беше речено дека бродот ќе чини 500 милиони долари.

- Advertisement -

Инаку, Палмер е еден од најбогатите луѓе во Австралија, а во 2018 година неговото лично богатство се проценуваше на 3 милијарди долари. Палмер вели дека е многу позабавно да се возите на Титаник отколку да седите дома и да броите пари. Палмер заработува по половина милијарди долари годишно од рударење.

Тој додава дека проектот ќе вреди една милијарда долари и дека ќе почне да се гради до јануари или февруари идната година. Вели дека се финализираат проектните планови за бродот кој ќе тежи 56.000 тони и ќе има девет палуби. За проектот тој обезбедил повеќе глобални партнери, а тендерите ќе бидат потврдени до јуни годинава.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Easy Peasy)

Сподели!
- Advertisement -