Онбординг програмата на ПроКредит Банка им дава можност за професионален развој на младите ентузијасти

- Advertisement -

Развојот на млади кадри е важен фактор за постигнување на конкурентност, иновативност и одржливост во работењето на компаниите. Тие се вреден ресурс бидејќи нудат свежи идеи, ентузијазам и позитивни промени.

- Advertisement -

ПроКредит Банка е една од компаниите која вложува во младите преку својата Онбординг програма, која е дизајнирана да им помогне на новите кадри лесно да се интегрираат во организацијата преку директно менторство, да научат вештини и да стекнат знаења кои им се потребни за да бидат успешни во својата работа.

Онбординг програмата е 6 месечна платена програма за нововработени кадри без претходно работно искуство. Успешно функционира од 2010 година, а доказ за нејзиниот квалитет е фактот што во моментов околу 45% од вкупниот број на вработени во банката ја започнале својата кариера токму преку оваа програма.

- Advertisement -

Придобивките од Онбординг програмата еднакво се однесуваат и на вработените кои се развиваат на професионално и лично поле, но и на самата институција, бидејќи на тој начин банката гради исклучително квалитетен кадар кој понатаму овозможува висококвалитетна услуга за клиентите, иновации и долгорочна конкурентност.

Меѓународно искуство
Еден од главните бенефити на програмата е меѓународното искуство со коешто младите се стекнуваат, како и запознавање на нови луѓе од различни земји и култури. Дел од програмата се одвива во Тренинг центарот во Белград каде новите вработени имаат можност да се запознаат со колеги од сестринските банки на ПроКредит Групацијата која е застапена во 12 земји.

- Advertisement -

Личен развој
Во оваа програма не се изучуваат само банкарски теми. Напротив, поголемиот дел од обуката е фокусиран на личниот развој каде се учи критичко размислување, решавање на морални и етички дилеми, еколошки и општествено одговорни практики, се усовршуваат презентациските вештини, како и вештините за дебатирање и преговарање.

Работа со ментор
Уште еден бенефит од обуката е константната работа со ментор кој е задолжен да го олесни процесот на интеграција на новиот вработен и да му помогне побрзо да ја научи работата и да се осамостои.

Подобрување на перформансите на вработените

Онбординг програмата им помага на новите вработени да се чувствуваат добредојдени, ценети и поддржани, што ја зголемува нивната посветеност, мотивација и лојалност. Програмата придонесува за создавање поддржувачка и мотивирачка работна атмосфера која ги охрабрува младите кадри да се изразуваат, да учествуваат во одлучувањето, да преземаат одговорности и ризици, да соработуваат со другите и да го даваат својот максимум. Од друга страна, програмата им помага на младите да ги разберат очекувањата и стандардите на банката, како и работните позиции и одговорностите на менаџерите и останатите вработени во тимот, што поттикнува соработка и одговорност.

Градење позитивна организациска култура

За ПроКредит Банка е важно младите подобро да ги спознаат и разберат мисијата, визијата, вредностите и нормите на банката, а сето тоа овозможува градење позитивна култура и чувство на припадност и идентитет со организацијата.

„Како одговорна компанија чувствуваме потреба да ги поддржиме и стимулираме младите кадри да се развиваат лично и професионално, да ги користат своите потенцијали и да стекнат вештини кои ќе придонесат кон постигнување на визијата на организацијата, а истовремено ќе влијаат позитивно и на развојот на целото општество.

Нашето долгогодишно искуство покажува дека ова е вистинскиот пристап, бидејќи менторскиот третман и посветеност на младите во оваа програма ни помагаат да создаваме тим којшто сме сигурни дека вистински ќе се грижи за нашите клиенти“ – истакнуваат од ПроКредит Банка.

Прочитајте повеќе за Онбординг програмата на следиот линк: ProCredit Bank – Onboarding програма (pcb.mk)

Сподели!
- Advertisement -