Јужнокорејски научници одгледаа говедски клетки во зрно ориз, што е , како што лив, пристапен и еколошки прифатлив извор на протеини кои може да го заменат месото. Професорот Јинке Хонг од Универзитетот Јонсеи во Сеул, кој го предводел истражувањето објавено во списанието Matter, вели дека „говедскиот ориз“ е прв производ од тој тип во светот. Користи житарки за одгледување на животински мускулни и масни клетки.
Во истражувањето зрната биле тестирани со ензими за да се создаде оптимална средина за раст на клетките, а потоа им биле додадени говедски клетки за да се добие конечен хибриден производ, кој наликува на розов ориз.
Тимот на Јонсе не е првиот кој работи на месни производи одгледани во лабораторија. Компании ширум светот лансираа лабораториски одгледано месо, а една од најновите иновации вклучува пилешко и јагнешко одгледани на база на соја, кои се продаваат во Сингапур.
Тимот на Јонсе вели дека оризот има предност во поглед на безбедноста во однос на сојата и јаткастите плодови затоа што помалку луѓе се алергични на него. Ако ова истражување резултира со конкретни производи, култивираниот „говедски ориз“ може да послужат како одржлив извор на протеини, особено во средини каде што традиционалното одгледување добиток е непрактично.
„Говедскиот ориз“ содржи околу 8% повеќе протеини и 7% повеќе масти од конвенционалниот ориз. Со цена од околу 2 долари по кг и далеку помал карбонски отпечаток од традиционалните говедски производи, „говедскиот ориз“ може да биде многу конкуренте, вели Хонг.
(Zimo)
(фото: Peekpx)