Инфлацијата во ЕУ постепено и постоја о паѓа од врвот кој г достигна во октомври 2022 година, кога беше 11,5%. Во јануари 2024 година годишната инфлација во ЕУ беше 3,1%, што е пад за 3,4% во декември според податоците на Евростат.
Ваквата ситуација е во целосна спротивност на истиот период минатата година, кога стапката на инлфација беше 10%. Истовремено, годипната стапка на инфлација во еврозоната беше 2,8% во јануари 2024 година, што е пад од 2,9% во декември и значително пониска од 8,6%, колку што беше во јануари 2023 година.
Падот на ифнлацијата укажува на тоа дека потрошувачките цени растат побавно отколку претходно, иако и понатаму растат. Негативната инфлација или дефлацијата се случува кога цените паѓаат во економијата. Во јануари годинава, на пример, цените на енергенсите во ЕУ беа пониски отколку една година претходно.
Прелиминарната проценка на Евростат, објавена на 1 март, покажува дека годишната стапка на инфлација во еврозоната паднала на 2,6% во февруари, во однос на 2,8% во однос на јануари. Меѓутоа, таа и понатаму е над таргет инфлацијата во Европската централна банка од 2%.
Стапката на инфлација, мерена со Хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP) во голема мера се разликува ширум Европа. Иако е забележан пад во најголем дел од земјите на ЕУ, ниедна од нив не покажала негативна инфлација во јануари во однос на претходната година. Проценките на Евростат за февруари уште не покажуваат знаци на таков пад во ниедна од земјите.
Податоците од јануари 2024 година покажуваат дека годишната инфлација се движела од 0,9% до 7,3% во ЕУ. Романија е земја со највисока стапка на инфлација од сите земји членки на ЕУ, со стапка од 7,3%. Потоа следуваат Естонија со 5%, Хрватска со 4,8% и Полска со 4,5%.
Најниската годишна стапка на инфлација е забележана во Данска и Италија со 0,9%, па следуваат Летонија, Литванија и Финска со 1,1%. Меѓу големата четворка во ЕУ стапката на инфлација била над просекот за ЕУ: Шпанија со 3,5%, Франција со 3,4%, и Германија со 3,1%, додека во Велика Британија била 4,2%.
Во споредба со декември, годишната стапка на инфлација паднала во 15 земји од ЕУ и пораснала во 11 земји. Сите пет земји кандидати за кои Евростат доставил податоци постигнале повисока годишна стапка на инфлација од ЕУ. Турција имала екстремно високо ниво на инфлација од 64,9%.
За февруари, според проценките на Евростат, се очекува пад на годишната стапка на инфлација во 11 од 20 земји во однос на јануари. Словачка имала највисок пад од 0,7% на 3,7%, после што следуваат Шпанија, Малта и Естонија со пад од 0,6%. Според проценките, стапката на инфлација пораснала во четири земји – Белгија, Луксембург, Кипар и Финска. Во еврозоната Хрватска забележала највисока стапка на инфлација во февруари 2024 година од 4,8%, додека Летонија имала најниска стапка од 0,9%.
(021)
(фото: cc.null.de)