Илон Маск ќе лансира стотина шпионски сателити за американската влада

- Advertisement -

Компанијата SpaceX подготвува мрежа од повеќе стотини шпионски сателити, потврдија пет неименувани извори кои се запознаени со проектот. За мрежата од шпионски сателити е задолжена единицата на SpaceX наречена Starshield, која во 2021 година потпиша договор вреден 1,8 милијарди долари со Националната служба за извидување (NRO), разузнавачка агенција која управува со шпионските сателити.

Ако проектот биде успешен, значително ќе ја унапреди способноста на американската влада и војскат за брзо забележување на потенцијални мети речиси каде било во светот.

- Advertisement -

Изворите наведуваат и дека договорот сведочи за растечката доверба меѓу резузнавачкиот естаблишмент и компанијата чиј сопственик имаше спорови со администрацијата на Бајден и создаде контроверзии околу користењето на сателитскиот интернет Starlink во војната во Украина.

(021)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -