Огромен вулкан пронајден сокриен во лавиринт на Марс

- Advertisement -

Во регионот на планетата Марс познат како Noctis Labirinthus или Лавиринт на ноќта научниците пронајдоа докази за постоење на огромен древен вулкан. Новото откритие ја прави оваа екваторијална локација атрактивна опција за трагање по знаци на живот.

Ова откритие не било во план на истражувачите, но кога тимот предводен од д-р Паскал Ли од Институтот SETI го истражувал регионот за траги од дредевн глечер сфатиле дека тоа што го гледале, сепак, е вулкан.

- Advertisement -

Досега не бил детектиран веројатно затоа што е толку еродиран и на прв поглед на изгледа како вулкан. Всушност, тоа е толку идеална маска што вулканот Ноктис им се сокривал на истражувачите со децении.

Познато е дека оваа област на Марс има широк спектат на хидрирани минерали, кои се присутни во текот на долг период од истражувањето на Марс. Долго време имало сомненија дека постоел вулкан, така што откривањето на вулканот на оваа локација можеби и не е преголемо изненадување, велат геолозите.

- Advertisement -

Инаку, врвот на вулканот се наоѓа на висина од 9.000 метри, а базата се простира на површина од 250 км. Овој вулкан е седмиот најголем врв на Црвената планета. На пример, за споредба, највисокиот неактивен вулкан на Земјата е на 6.893 метри над нивото на морето.

Студијата на тимот укажува на постоење вулкански наслаги на околу 5.000 квадратни км околу вулканот. Големината на вулканот и сложеноста на теренот околу него укажуваат на тоа дека тој бил активен многу долг период.Посебно е интересно дека на дното на едната страна на вулканот истражувачите откриле големо подрачје исполнето со наслаги. Тие сметаат дека овие наслаги можеле да настанат во моменти кога лавата дошла во контакт со вода или мраз, што е во склад со детектираното присуство на глацијални наслаги.

- Advertisement -

Тимот научници ги претставил своите откритија на 55. Конференција за лунарна и планетарна наука.

(N1)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -