Во Америка направена првата трансплантација на ГМО бубрег од свиња на човек

- Advertisement -

На шесесетгодишен маж во краен стадиум од бубрежна болест му беше пресаден генетски модифициран бубрег од свиња во Општата болница во Масачусетс во Бостон. Операцијата е направена на 16 март, траела четири часа и е пресвртница во потрагата за обезбедување полесно достапни органи за пациенти, се вели во соопштението од болницата.

Пациентот Ричард Слејман стана првиот жив човек во светот на кој му е пресаден бубрег од свиња. Тој добро закрепнува и се очекува наскоро да биде пуштен од болница, велат докторите.

- Advertisement -

Претходно свински бубрег привремено беше пресаден во донори кои биле мозочно мртви. Исто така, двајца мажи претходно примија бубрези од свиња, но починаа после неколку месеци.

Оваа најнова операција е последниот напредок на полето на ксенотрансплантацијата, термин кој ги означува напорите човечки пациенти да се лекуваат со клетки, ткива или органи од животни.

- Advertisement -

Со децении тоа не функционираше затоа што човечкиот имунолошки систем веднаш ги уништуваше туѓите животински ткива. Во најновиот обид биле вклучени свињи кои се генетски модифицирани за нивните органи да бидат послични на луѓето.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -