WhatsApp тестира претворање на гласовните пораки во текст

- Advertisement -

Платформата за размена на пораки WhatsApp во својата бета верзија додаде нова функција благодарение на која корисниците ќе можат да ги конвертират гласовните пораки во текст.

- Advertisement -

За стартување на оваа функција неопходно е преземање на посебна алатка за препознавање говор, со големина од 150 мегабајти, се вели на страницата на WhatsApp. Оваа функција засега можат да ја преземат само оние кои го користат оперативниот систем Android.

Не е познато кога новата функција ќе се појави на стандардната верзија на апликацијата. Компанијата Meta претходно соопшти дека развива нови функции во апликацијата WhatsApp, кои на корисниците ќе им овозможат да разменуваат пораки со други апликации, како што се Telegram или Signal.

- Advertisement -

Корисниците на други апликации, како што е Signal, ќе можат да испраќаат пораки на корисници на WhatsApp дури и ако самите немаат профил на WhatsApp, се вели на порталот Wabetainfo.

(021)

- Advertisement -

(фото: Pixy.org)

Сподели!
- Advertisement -