Куче-робот кој може да зборува ќе им помага на полицајците кои патролираат по улиците на Малага во Шпанија. Освен што ќе врши надзор над јавниот ред и мир, според креаторите на кучето, роботот ќе може дури и да пишува казни.
Полициското куче-робот, кое моментално се тестира на помалку прометни места во Малага, тежи 35 кг, а освен синиот полициски сигнал, опремен е со вграден компјутер и повеќе сензори. Благодарение на вештачка интелигенција, мож да шета низ градот, да предупредува на итни случаи или да открива прекршоци.
На пример, ако некој се вози со скутер таму каде што не треба, го предупреудва со зборовите „Во оваа зона е забрането користење скутер“.
Како што тврди Антонио Моралес од Универзитетот Малага, чиј технолошки институт го направи прототипот, овој робот е речиси неуништлив. Шефот на институтот, Педро Мерино, додава дека сличен асистент користи и полицијата во Њујорк.
(021)
(фото: X)