Британски научници развиваат вакцина против рак на бели дробови

- Advertisement -

На научници во Велика Британија им беа одобрени 1,7 милиони фунти за развој на вакцина против рак на бели дробови. Вакцината се вика LungVax и би била првата вакцина во светот против рак на бели дробови кај луѓето кои се во ризичн акатегорија за појава на таа болест.

Технологијата за новата вакцина ќе биде слична на таа која се користела за развој на вакцината Oxford/AstraZeneca против корона вирусот.

- Advertisement -

„Ракот е болест на нашите тела и на имунолошкиот систем и тешко е да се разликува што е нормално од ракот“ вели професорот Тим Елиот, кој го предводи истражувањето за вакцината.

Да се натера имунолошкиот систем да го препознае и да го нападне ракот е еден од најголемите предизвици во истражувањата на ракот денес.

- Advertisement -

„Ако успееме да го потвориме успехот што го направивме во текот на пандемијата на корона вирусот, ќе спасиме десетици илјади животи секоја година, и тоа не само во Велика Британија“ вели Елиот.

Тимот кој го прави истражувањето е составен од универзитетски научници, кои ќе добијат средства за наредните две години да прават лабораториски тестирања и да произведат 3.000 дози од вакцината.

- Advertisement -

Ако лабораториските тестови покажат дека вакцината предизвикува инмунолошки одговор, наредниот чекор се клинички испитувања.

(Klix.ba)

(фото: Pixniio)

Сподели!
- Advertisement -