Apple развива технологија за MacBook направен од стакло

- Advertisement -

Новите извештаи велат дека Apple се обидува да ја искористи идејата за стаклен заден панел за iPhone и истата да ја примени во MacBook Pro, кој би имал и екран осетлив на допир и стаклен заден дел. Претходно се шпекулираше дека Apple сака да претстави MacBook Pro со екран осетлив на допир во 2025 година, но сега работите одат многу подалеку.

Пријавата за патентот наречен “Electronic Device” претставува идеја за производство на MacBook Pro направен од стакло.

- Advertisement -

„Со оглед на тоа дека лаптопите се преносни уреди, факторите од типот на големината, тежината и издржливоста влијаат на корисноста на уредот. Материјалот кој се користи за лаптопите, а посебно за компонентите на куќиштето, може да влијаат на големината, тежината и издржливоста на овие уреди. На пример, материјалите за куќиштето од типот на пластика може да бидат лесни, но и да имаат релативно ниска издржливост“ велат од Apple.

Она што го предлага компанијата е капак за металната компонента за куќиштето, која ги дефинира периферните странични површини, како и стаклени плочи за предната и задната површина на делот на екранот.

- Advertisement -

Додека најголем дел од патентот се однесува на целосно стаклена задна плоча, Apple во некои деловu зборува за тоа дека само деловите од задната површина се стаклени.

„Конфигурација на производ дел од екран, кој е тенок и лесен, додека истворемено одржува висок степен на цврстина. Освен тоа, поради факторт дека задниот дел од дисплејот е од стакло, би бил отпорен на гребнатини, пукнатини, превиткување и други оштетувања на кои би биле поподложни други материјали” додаваат од компанијата.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -