Илон Маск најави дека наредниот мозочен чип ќе лекува слепило

- Advertisement -

Уште не се завршени клиничките испитувања за првиот мозочен имплант на компанијата Neuralink на Илон Маск, а тој веќе најавува нов имплант. Имено, Маск најави дека наредниот имплант на Neuralink ќе се вика Blindsight и ќе лекува слепило кај луѓето.

“е производ кој следува после овој имплант Telepathy. Треба да напоменам дека имплантот Blindsight веќе дава резултати кај мајмуни. Резолуцијата на почеток е ниска, како кај старите Nintendo уреди, но на крајот можеби дури и ќе го надмине човечкиот вид”, напиша Маск на Х (Twitter).

- Advertisement -

За потсетување, минатата недела беше демонстриран првиот мозочен чип на Neuralink, кој е вграден во мозок на човек. Имено, човекот кај којшто е вграден е инвалид во количка со неподвижно цело тело, кој успеа со помош на чипот да контролира компјутерски глушец и да игра видеоигри.

(b92)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -