Кина забранува употреба на американски чипови

- Advertisement -

Кина воведе нови правила за постапно укинување на американските микропроцесори на Intel и AMD од владините персонални компјутери, пишува Financial Times. Правилата за набавка, исто така, настојуваат и да го отстранат оперативниот систем на Windows и странскиот софтвер за бази на податоци во корист на домашните опции, се вели во извештајот на FT.

На владините агенции над општинско ниво им е речено да воведат критеруми кои бараат безбедни и сигурни процесори и оперативни системи при купување. Reuters пренесе дека кинеското Министерство за индустрија на крајот на декември минатата година дало ијзава со три посебни листи за CPU, оперативни системи и централизирани бази на податоци кои се сметаат за безбедни и сигурни три години после датумот на објава и сите се од кинески фирми.

- Advertisement -

САД има за цел да го зајакне домашното производство на полупроводници и да ја намали зависноста од Кина и Тајван, со новиот закон за CHIPS и наука до 2022 година. Претходно минатата недела Bloomberg објави дека САД размислуваат за составување црни листи со низа кинески компании за полупроводници кои се поврзани со Huawei.

- Advertisement -

(SEEBiz.eu)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -