Илон Маск се пофали со уште едно достигнување на мозочниот чип на Neuralink. Имено, откако пред неколку месеци беше објавено дека компанијата Neuralink на Илон Маск успешно го вградила својот мозочен чип во човек, на интернет се појавија многу дискусии за етичносѕа на чипот и потенцијалните последици.
За некои тоа е прв чекор кон вистинска ревлуција која ќе им овозможи на парализираните луѓе да проодат, додека други мислат дека си играме со природата и дека ваквите експерименти не можат да завршат добро, поради можноста за хакирање на мозокот или создавање надлуѓе.
На видеото објавено тогаш можеше да се види како човекот во кој е вграден чипот само со мислите може да игра шах онлајн и некои видеоигри. Минатата недела човекот во кој е вграден чипот, Нолан Арбо, се пофали со ново достигнување, а неговата објава ја сподели и ја коментираше и Илон Маск.
Така, Арбо на социјалната мрежа X напиша објава во која се пошегува дека платформата Моforma го исфрлила затоа што мислела дека е бот, додека X и Илон Маск го вратиле токму затоа што е бот. Притоа, како што напиша Маск во коментар, ова е првата објава на социјална мрежа напишана само со мисли благодарение на чипот на Neuralink за телепатска комуникација.
Арбо вели дека е доволно да помисли дека курсорот на екранот се поместува на одредено место за курсорот навистина да се помести. Се се случува во неговите мисли и без употреба на фисички уред.
Засега изгледа дека овој имплант на Neuralink навистина има револуционерен потенцијал и дека напредната технологија може да овозможи работи кои за луѓето како Арбо, кој е парализиран од 2016 година после незгода при нуркање, досега биле невозможни.
Иако досегашните тестирања на имплантот не биле совршени, сепак, изгледа дека не се забележани некои поголеми или неочекувани проблеми, па и самата операција поминала без проблеми. Но, долгорочните тестирања треба да покажат со какви се предизвици може да се соочат корисниците на импланти на Neuralink во иднина.
(b92)
(фото: YouTube)