Поразувачки податоци – секое шесто дете кое оди на училиште е жртва на сајбер злоставување

- Advertisement -

Секое шесто дете кое оди на училипте е жртва на сајбер злоставување, се вели во вториот Извештај за здравственото однесување на децата од училиштна возраст (HBSC) на Светската здравствена организација, кој беше објавен во средата во Копенхаген.

Насилството на интернет особено се зголеми во однос на претходниот извештај од 2018 година. Новиот извештај се однесува на податоци за периодот од 2018 до 2022 година.

- Advertisement -

Околу 15% од учениците веќе доживеале сајбер злоставување. Уделот на жртви меѓу момчињата пораснал од 12% во 2018 година на 15%, а меѓу девојчињата од 13% на 16%. Отприлика 1 од 8 ученици на возраст од 11 до 15 години одговориле дека тие самите веќе малтретирале некого во дигиталниот простор. Додека 11% од момчињата во извештајот од 2018 година изјавиле дека тие лично малтретирале некого во дигиталниот простор, таа бројка сега е порасната на 14%. Кај девојчињата е забележан раст од 7% на 9%.

Во студијата учествувале над 279.000 испитаници. Во HBSC студиите секои четири години учествуваат млади од 11 до 15 години. Последното истражување од 2021/2022 година е спроведено во 44 земји и региони во Европа, Централна Азија и во Канада.

- Advertisement -

Според извештајот, бројот на случаи на злоставување во училиштата општо останал стабилен. Околу 11% од учениците рекле дека биле злоставувани во училиште, додека 6% изјавиле дека некого злоставувале во училиште. Таквото однесување било почесто кај момчињата (8%) отколку кај девојчињата (6%).

Еден од 10 млади луѓе веќе биле вклучени во физички пресметки, со јасна разлика меѓу половите: 14% од момчињата во споредба со 6% од девојчињата.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -