Amazon повлече од продажба милиони фалсификувани производи и тужи илјадници луѓе

- Advertisement -

Американскиот малопродажен и технолошки гигант Amazon повлече од продажба над седум милиони фалсификувани производи во 2023 година, покажува нивниот извештај.

“Компанијата во 2020 година основаше одделение за борба против фалсификаторите, кое сега поднесе тужби и казнени пријави против над 21.000 правни и физички лица одговорни за нивната продажба“ велат од Amazon.

- Advertisement -

Мерките за борба против фалсификаторите опфаќаат проиводи кои треба да бидат воведени во логистичкиот циклус на Amazon и информирањето на компаниите и властите за складиштата на фалсификаторите, додаваат од Amazon.

Истакнуваат дека сега темелно ги проверуваат продавницие, што фалсификаторите ги одвраќа од нови профили на нивната платформа. Amazon продава стока и нуди платформи на други трговци. Во 2023 година, како што тврдат, биле стопирани над 700.000 обиди за отворање нови профили и стопирале фалсификатори кои сакале да продаваат фалсификувани производи. Бројката е значително помала отколку во 2020 година, кога биле блокирани 6 милиони обиди.

- Advertisement -

(021)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -