Во Крагуевац произведен првиот електричен автомобил во Србија

- Advertisement -

Во фабриката Fiat Chrysler во Крагуевац се произведени првите примероци на првиот електричен автомобил во Србија. Тие се наменети за т.н. тестови со судири и останати испитувања. Наскоро првите модели ќе бидат тестирани на улиците на Крагуевац.

Како што за RTS неофицијално потврди претседателот на Самостојниот синдикат на FCA Srbija, Саша Ѓорѓевиќ, во тек се тестирања на првиот електричен автомобил кој е произведен во Србија.

- Advertisement -

Првите тестирања се направени во Крагуевац затоа што фабриката има писта за пробување нови автомобили, но главните испитувања на безбедноста или тестовите со судирање се прават во странство.

Ѓорѓевиќ вели дека кога бил тестиран моделот Fiat 500L, околу 200 примероци биле направени само за испитување. Секој од тие модели мора да помине опсежни тестирања на безбедноста,странични удари итн. Секој од нив треба на тие тестови да добие одреден број ѕвездички за да биде целосно бебеден, вели Ѓорѓевиќ.

- Advertisement -

Може да се очекува дека новиот електричен автомобил ќе се тестира и на улиците во Крагуевац, барем додека ја следат досегашната пракса на моделите на Fiat.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -