НАСА доби задача да постави стандард за мерење на времето на Месечината

- Advertisement -

Бидејќи САД сакаат да постават меѓународни норми надовр од земјината орбита, Канцеларијата на Белата куќа за наука и технологија (OSTP) и нареди на американската вселенска агенција НАСА до крајот на 2026 година да осмисли стандард за мерење на времето на Месечината.

„Додека НАСА, приватните компании и вселенските агнеции од целиот свет подготуваат мисии за Месечината, битно е да се воспостават стандарди за небесното време поради безбедност и прецизност“ соопштија од OSTP.

- Advertisement -

Оттаму рекоа дека времето различно поминува во зависност од положбите во вселената и како изгледа дека времето поминува побавно каде што гравитацијата е посилна, односно во близина на небесни тела.

Доследната дефиниција на времето меу операторите во вселената е клучна за успешна спосоност на вселенската ситуациска свест,навигација и комуникација, додаваат од агенцијата.

- Advertisement -

Од Белата куќа велат дека целта е координираното лунарно време да биде поврзано со координираното универзално време, примарниот временски стандард кој се користи во це свет за регулирање на времето на Земјата.

Белата куќа ја упати НАСА да соработува со министерствата за трговија, одбрана и собраќај за да се изработи стратегија за стандардите за време, која ќе ја подобри навигацијата и мисиите целосно.

- Advertisement -

Новиот стандарс се фкусира на четири фактори: можност за следење, доволна точност за поддршка на прецизна навигација и наука, отпорност на губење контакт со Земјата и скалабилност на средини надвор од цислунарниот простор.

САД планира враќање на Месечината во 2026 година, што би требало да биде првото слетување на човештвото на Месечината од мисијата Apollo 17 во 1972 година.

(24sata)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -