Само 57 компании во светот се одговорни за 80% од загадувањето на воздухот

- Advertisement -


Само 57 производители на нафта, гас, јаглен и цемент се директно поврзани со 80% од светската емисија на стакленички гасови од Парискиот климатски договор во 2016 година, покажа нова студија. Оваа моќна група на државни корпорации и мултинационални компании во сопственост на акционери се главните виновници за климатсксата криза, покажа Carbon Majors Database, која ја составија светски познати истражувачи.

Иако владите во Париз ветија намалување на стакленичките гасови, анализата открива дека најголем дел од мегапроизводителитего зголемиле производството на фосилни горива и емисијата поврзана со тоа во периодот на седум години после тој климатски договор во споредба со седум години пред договорот.

- Advertisement -

Во базата на податоци со 122 најголеми светски историски загадувачи на климата истражувачите откриле дека 65% од државните субјекти и 55% од компаниите во приватниот сектор го зголемиле производството.

Во текот на последните седум години најголем придонес во емисијата во сопственост на инвеститори имал ExxonMobil од САД, кој се поврзува со 3,6 гигатони CO2 во последните седум години или 1,4% од глобалниот вкупен износ. Блиску зад него се Shell, BP, Chevron и TotalEnergies, од кои секоја се поврзува со најмалку 1% од глобалната емисија на стакленички гасови.

- Advertisement -

Највпечатлив раст на емисијата има од страна на државните и јавните производители, особено зо азискиот сектор за јаглен. Оваа експанзија, која продолжува, е во спротивност со острото предупредување на Меѓународната агенција за енергија дека не може да се отворат нови нафтени и и гасни полиња ако светот сака да остане во безбдните граници на глобалното загревање.

Истражувањето Carbon Majors помогнало да се смени наративот за одговорноста за климатската криза со распределба на емисијата на субјектите кои профитираат од вадењето фосилни горива од земјата, а не на поединци кои подоцна ги спалуваат и ги испуштаат во форма на емисија.

- Advertisement -

Базата на податоци сега е аужирана и повторно беше покрената вчера на посебна веб-страница за јавен пристап, чиј домаќин е InfluenceMap. Историските податоци опфаќаат 122 субјекти кои се поврзуваат со 72% од вкупната емисија на СО„ од фосилни горива и цемент од почетокот на индустриската револуција, која изнесува 1.421 гигатони.

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -