Белата куќа сака Месечината да има сопствена временска зона

- Advertisement -

Белата куќа сака американската вселенска агенција НАСА да развие нов систем на временска зона за Месечината – Координирано лунарно време.

Поради различната јачина на гравитациското поле на Месечината, времето таму се движи побрзо за 58.7 микросекунди секој ден во однос на времето на Земјата. Ова можеби не се чини многу, но може да има значително влијание при обидот за синхронизирање на вселенските летала.

- Advertisement -

Американската влада се надева дека новата временска зона може да помогне националните и приватните напори да се стигне до Месечината да се одржат координирани.

„Оваа фундаментална теорија на гравитација во нашиот универзум има значајна последица – времето тече различно на различни места во универзумот. Гравитацијата на Месечината е малку послаба и часовниците работат поинаку“, изјави професорката Кетрин Хејмас за „Би-Би-Си“.

- Advertisement -

Времето моментално на Земјата се мери со стотици автоматски часовници стационирани околу нашата планета кои ја мерат променливата енергетска состојба на атомите за да го измерат времето до наносекунда. Доколку тие се постават на Месечината, за околу 50 години би биле побрзи за една секунда.

Целиот текст на Радио МОФ

- Advertisement -

Фото – Commons.wikimedia

Сподели!
- Advertisement -