Во ЕУ најлошо живеат Бугарите и Грците, а во Западен Балкан ситуацијата е уште полоша

- Advertisement -

Светските рејтинг агенции ги ослободија грчките државни обврзници од статусот лоши инвестиции и Грција веќе втора година по ред забележува економски раст од над 2%, иако грчкото население и понатаму живее лошо, покажуваат официјалните податоци на Евростат.

Поскромно од Грција во ЕУ живеат единствено Бугарите, затоа што нивната куповна моќ едвај достигнува 60% од просекот воЕУ, а според најновите податоци на канцеларијата на ЕУ за статистика, уште послаба е куповната моќ и БДП по жител на Западен Балкан, каде што е околу 50% од просекот во ЕУ.

- Advertisement -

Најмоќни се граѓаните на Луксембург и на Ирска – 140% и 112% над просекот во ЕУ, а потоа следуваат Холанѓаните, Данците и Австријците. Французите се точно на средината, а меѓу најслабите, покрај Грција и Бугарија, се уште и Литванците, Словаците и Хрватите.

Грција уште закрепнува од кризата така што десет години трошоците за огромните долгови од над 360 милијарди евра паѓаа на мсетка на јавните трошоци, платите и пензиите, додека инфлацијата не се намалува, особено цените на храната, бензините и станарините, па трошоците за живот и понатаму се вистински кошмар.

- Advertisement -

Закрепнувањето на грчката економија се случуваше на грбот на народот, велат незадоволните синдикати и левичарските економисти, но владата на Киријакос Мицотакис укажуа на одличните резултати на стопанството и предвидува дека наскоро ќе падне инфлацијата и животниот стандард ќе почне да расте.

Тој укажува на фактот дека светските рејтинг агенции ја тргнале ознаката „лоша инвестиција“ од грчките државни обврзници, додека британскиот магазин Eсonomist ја оцени грчката економија како најнапредна во 2023 година.

- Advertisement -

(021)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -