Милионер стана бездомник за да докаже дека може да почне од нула

- Advertisement -

Милионерот Мајк Белк намерно се одрече од својата успешна компанија, од своите милиони и стана бездомник заради експеримент за да докаже дека е способен да почне од нула и да заработи милион долари за 12 месеци.

Пред четири години, среде пандемијата на КОВИД-19, Белк го оставил својот милионски бизнис и се откажал од сите бенефити кои ги имал во животот и почнал живот како бездомник. Ја испразнил својата сметка, се збогувал со семејството и тргнал да се обиде да докаже дека може да се врати за 12 месеци со еден милион долари во рака.

- Advertisement -

Предзивикот „Враќање од милион долари“ е направен со цел да ги инспирира другите и да докаже дека може да успее иако нема ништо. Во едно видео тој објаснува дека неговите први чекори биле пронаѓање бесплатно место за спиење во замена за работа.

„Соремен сум да спијам на под, на кревет, не е битно“ вели тој.

- Advertisement -

На крајот Блек стапил во контакт со странец на сајтот Craigslist, кој му дозволил бесплатно да спие во комби. Тоа му овозможило на Блек да почне да работи на своето враќање, а неговиот прв потег бил фокусиран на продажбата на мебел на Craigslist. настрана почнал да работи чудни работи од типот на телемаркетинг и достава.

„Една од најдобрите работи за продажба се столовите. Почнав сам да земам огласи на Сraigslist во бесплатниот дел, да ги ставам на Facebook Marketplace и да продавам за профит. Се претставував како посредник, водејќи ја целата логистика меѓу купувачот и продавачот“ вели Блек.

- Advertisement -

Наредниот ден Блек заработил 250 долари и го заштедил секое пени. Јадел само грав и обични шпагети. Наредната фаза од неговиот план била да сфати каков бизнис сака да стартува. Првата идеја му била дазапочне бизнис со чистење, а подоцна одлучил да основа бренд за кафе кој ги донира приходите за спасување животни.

За жал Блек претрпел низа сериозни неуспеси во својот експеримент, од кои првиот се случил кога на татко му му бил дијагностизиран рак во четврт стадиум. И покрај обидите да продолжи, Блек тогаш и сам имал здравствени проблеми, вклучувајќи две автоимуни болести и тумор на колкот. Но, бидејќи му останале два месеци до крајот на експериментот, Блек на крајот донел одлука да стави крај на проектот.

Тој вели тоа тие биле најлошите шест месеци ви неговиот живот и дека морал да се стави себеси на прво место и да се фокусира на она што е најбитно. Сепак, во тие шест месеци успеал да заработи 65.000 долари.

„Официјално одлучив да ставам крај на мојот проект. Моето здравје е нарушено до таа мера што морам да почнам да се грижам за тоа. Многи работи од тие кои излегоа на виделина за мене се работи кои ми се битни“ вели Блек

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -