Амстердам забрани изградба на нови хотели

- Advertisement -

Амстердам повеќенема да дозволува изградба на нови хотели затоа што сака да се справи со масовниот туризам, соопштија холандските медиуми. Како што одлучи холандската влада, целта е градот да се сочува за локалните жители, поради што освен одлуката за новите хотели, нема да има повеќе од 20 милиони ноќевања на туристи годишно.

Според новите правила, нови хотели во Амстердам ќе може да се градат само ако се затворат некои други хотели,ако не се зголеми бројот на места за ноќевање или акоо новите хотели се поодржливи од другите.

- Advertisement -

Овој холандски град уште во 2022 година покрена кампања за обезхрабрување на туризмот. Тоа беше воведено со цел да се смени сликата за овој град и да се смени репутацијата по која е познат – град во кој се е дозволено.

Едно истражување спроведено минатата година покажало дека Амстердам е избран за најдобра европска дестинација како главен град. Според впечатоците на туристите и според тоа што најмногу ценат тие кај некоја дестинација, Амстердам зад себе ги остави и Рим, Лондон и Париз.

- Advertisement -

Инаку, Амстердам неодамна се најде и на листата со градови во кои е најпожелно да се купи недвижност. Цените на недвижностите таму се многу високи, но сепак градот поседува долгорочен потенцијал за раст. Силната економија, квалитетната здравствена заштота и богатата академска заедница го прават привлечен за странските инвеститори.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -