Ова се најмирисливите градови во светот

- Advertisement -

Британската компанија HAIPP неодамна објави листа со девет европски градови кои најмногу мирисаат. Ќе се изненадите кога ќе видите дека градот кој е на прво место на листата не е далеку од нас.

Истражувањето опфатило 30 градови ширум Европа. Градовите се рангирани врз основа на чистотата, присуството на цвеќарници, пекарници и парфимерии. Според извештајот на Time Out, Атина во Грција е на првото место на листата, како најмирислив град во светот.

- Advertisement -

Овој историски град, еден од најстарите во светот, е оценет со 8,3 од 10, благодарение на изобилството на пекарници кои испуштаат прекрасни мириси. Атина има и 31 цвеќарници и 22 парфимерии на 10 квадратни километри, што значи дека мирисот се чувствува на секој чекор.

Покрај Атина, меѓу другите градови со неодоливи мириси Париз е на второ место, а швајцарскиот град Цирих е на трето место благодарение на мирисот на багети и чистите улици.

- Advertisement -

Останатите градови кои се на оваа необична листа се: Даблин во Ирска, Луксембург, Копенхаген во Данска, Букурешт во Романија, Валета во Малта и Амстердам во Холандија.

Освен најмирисливите градови во светот, рангирани се и десетте градови кои би требало да ги посетите во 2024 година. Туристичкиот магазин Lonely Planet на таа листа го стави и босанскиот град Мостар.

- Advertisement -

Овој магазин секоја година во последните 50 години, почнувајќи од 1973 година, објавува листи со светски дестинации за патување поделени по рубрики: држава, регион, град, еколошка одржливост и исплатливост.

На годинашната листа се наоѓаат: Најроби во Кенија, Париз во Франција, Монтреал во Канада, Филаделфија во САД, Манаус во Бразил, Џакарта во Индонезија, Прага во Чешка, Измир во Турција и Канзас Сити во САД.

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -