Кинези го претставија мозочниот чип со кој му конкурираат на Илон Маск

- Advertisement -

Кинеската државна компанија Beijing Xinzhida Neurotechnology претстави мозочен чип кој е многу сличен на чипот на Neuralink. Како што пренесува Reuters, чипот всушност е имплант со интефејс мозок-компјутер, а се вика Neucyber. Според моментално достапните информации, кинескиот чип го тестирале на мајмун, кој со своите мисли можел да управува со роботска рака.

Според кинеските медиуми, чипот користи технологија која е назависно развиена и се смета за првиот таков чип произведен во Кина. Претставувањето на овој производ на годишниот форум Zhongguancun во Пекинг, кој се фокусира на технологија, јасно покажува дека Кина се обидува да држи чекор со американските компании.

- Advertisement -

За потсетување, компанијата Neuralink на Илон Маск неодамна покажа како функционира нивниот чип кога е вграден во луѓе. Иако вградувањето на чипот и користењето на истиот уште е во тест-фаза, на јавноста и овозможи да ги види потенцијалните можности на таквата технологија.

(Reuters)

- Advertisement -

(фото: Newsclick)

Сподели!
- Advertisement -