(ВИДЕО) Германија лансираше ракета која како гориво користи парафински восок

- Advertisement -

Германската компанија HiImpulse успешно лансираше ракета на парафински восок која може да пренесува комерцијални сателити. „Ја демонстрираме Германија како вселенска нација и го шириме пристапот на Европа до вселената“ вели шефот на компанијата, Марио Кобалд.

Ракетата долга 12 метри и тешка 2,5 тони, наречена SR75, беше лансирана на 3 мај од Куниба, Австралија. Може да носи помали сателити до 250 кг и до висина до 250 км, а може да работи на течен кислород или на парафински восок. Парафинскиот восок се користи како поевтино и побезбедно алтернативно гориво за ракети. HiImpulse овозможува заштеда до 50%.

- Advertisement -

Германската компанија со околу 65 вработени соопшти дека веќе добила нарачки за лансирање на сателити во вредност од над 100 милиони евра. HiImpulse сака да го прошири својот бизнис затоа што побарувачката за комерцијални сателити расте, па до 2032 година се очекува да достигне приходи од 700 милиони евра.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -