Се појавија првите проблеми во работата на првиот вграден мозочен чип Neuralink

- Advertisement -

Од компанијата Neuralink, во сопственост на милијардерот Илон Маск, објавија минатата недела дека се појавиле првите тешкотии во функционирањето на нивниот мозочен имплант откако имплантот беше вграден во човек.

Имено, имплантот во јануари годинава беше вграден во мозокот на 29-годишниот Нолан Арбо. Од Neuralink тогаш тврдеа дека овој потфат поминал исклучително добро. Меѓутоа, тешкотиите се појавиле откако повеќе електроди станале неефикасни, што за последица ја намалило способноста на Neuralink да ја мери брзината и точноста на имплантот. Од компанијата не прецизираат колку електроди станалке неефикасни.

- Advertisement -

Од Neuralink уверуваат дека пронашле решение за тие тешкотии. Американскиот весник Wall Street Journal објави дека наводно претходно се размислувало за тоа дали имплантот да се отстрани, но и дека тешкотиите не претставуваат опасност по Арбо.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -