Aзески: Изборите завршија, засукајте ги ракавите и фатете се за работа!

- Advertisement -

Првиот човек на најголемата стопанска комора, Бранко Азески испрати честитки до победниците на седмите по ред претседателски и единаесетите по ред парламентарни избори. Азески вели, завршија двојните избори, сега на ред е економијата. Тој на неколку пати во ова предизборие апелираше дека не постои повеќе простор за стопанството во земјава да биде во сенка. Македонскиот народ вели, покажа висока демократска зрелост и во голем број, без некои поголеми инциденти, потврди дека припаѓа на друштвото со европски вредности и јасно е определен да истрае на истите. Сега во следните 10 години економијата мора да биде приоритет, градењето правна држава и систем на пазарни вредности како определена цел.

Бизнисот бара одговорност и имплементација бидејќи тоа се најважните алатки во работењето на сите избрани личности, органи и тела. На тоа ќе истрае и јавно ќе критикува секоја појава која не е во согласност со овие постулати. Азески вели, нашата држава е на сериозен испит, може или не може да опстои како модерен чинител на регионалната и европската сцена. 

- Advertisement -

„Бидејќи изборите завршија почнуваме со темпото на работа од пред изборите. Првите неколку активности оваа недела ќе бидат посетата на компанијата „Бехтел и Енка“, средбата со врвното раководството на мултинационалната компанија „Костал“ од Германија, учеството на Самитот во Котор, каде ќе се состанат шесте претседатели на Влади и на Комори на земјите од Западен Балкан, а во петок во Комората ќе го примам раководството на „Македонија 2025“ кое одржува токму овие денови самит во Скопје. Ако на тоа ги надоврземе и редовните активности кои неделава се одвиваат во Комората со Советот на странски инвеститори и Центарот за циркуларна економија, јасно е дека време за чекање нема. Бизнисот бара враќање на редовните колосеци бидејќи приликите во регионот и во Европа се прилично неизвесни и проблематични“, вели Бранко Азески претседател на Стопанската комора.

Бизнисот најави дека подготвил нови и свежи идеи согласно условите и приликите за работа. Во оваа иницијатива на Азески рамо до рамо ги става како домашните така и странските инвестиции. На кој начин ќе се враќа економијата во форма тоа ќе зависи од идната влада. Очукувањата и најавите од политичарите се дека работите може да се подобрат, секако не веднаш, туку со долгорочна стратегија. Но, како и да е без реализација на големи капитални инвестиции во кои ќе бидат вклучени македонски компании, не може да се очекува развој на економијата. За оваа намена веќе во најава се проекти од три милијарди евра во следните четири години.

Сподели!
- Advertisement -