Експерти предупредуваат – ни се заканува нова глобална здравствена катастрофа, многу полоша од КОВИД-19

- Advertisement -

Во морничаво откритие на професорката Дејм Сели Дејвис од Обединетото Кралство, која е експерт за антимикробна резистенција (AMR), таа го огласи алармот за растечките закани од супербактериите. Дејвис, која изгубила близок член на семејството од неизлечлива инфекција, ја отсликува мрачната иднина во која инфекциите отпорни на лекови може потенцијално да ја засенат штетата предизвикана од пандемијата на КОВИД-19.

Спектарот на антимикробната резистенција е широк, со најмалку 1,2 милиони смртни случаи годишно кои се припишуваат на инфекции отпорни на лекови, а таа бројка и понатаму продолжува да расте. Дејвис нагласува дека има итна потреба за дејствување и потенцира дека ако не се контролираат, последиците може да бидат катастрофални и оотенцијално да ги надминат последиците на влијанието на климатските промени.

- Advertisement -

„Мора да преминеме на изолација на луѓето кои не може да се излечат за да не ги заразиме нивните семејства и заедницата. Тоа е навистина катастрофална слика. Затоа ако не реагираме навреме, пандемијата на КОВИД-19 би била игра во споредба со тоа што би не очекувало“ ја истакнува Дејвис сериозноста на ситуацијата.

AMR прави многу инфекции неизлечливи со постоечките лекови, што е голема закан а по современата медицинска праса како што се операциите, лекувањето на ракот и пресадувањето органи. Без значителен напредок во наредната деценија, можните последици се страшни, предупредува Дејвис и навестува иднина во која основните медицински интервенции би можеле да станат опасни потфати.

- Advertisement -

Ако не направиме добри чекори во наредните 10 години, тогаш навистина се плашам, признава Дејвис.

(The Guardian)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -