Ова е првото хрватско комерцијално возило на водород

- Advertisement -

Компанијата Rasco на најголемиот европски саем за комунална опрема во Минхен премиерно го претстави првото хрватско комерцијално возило на водород. Чистачот за улици Lynx H2 5000 целосно е развиен во Хрватска, во погонот во Калиновац, со што оваа хрватска компанија потврди дека ги има сите ресурси за развој на големи високотехнолошки иновации.

Со оглед на тоа дека Хрватска моментално нема ниедна индустриска, ниту јавна станица за полнење на возила на водород, чистачот е наменет за странски пазари, на кои оваа хрватска компанија остварува 90% од своите приходи.

- Advertisement -

Со 150 произведени возила во 2023 година, Rasco слободно може да се нарече најголем производител во домашната автомобилска индустрија. Lynx H2 5000 има исти елетромотори како и во електричните автомобили, но енергијата потребна за погон на ова возило не доаѓа од батерија, туку од водородни ќелии. При согорувањето на водородот единствен нуспроизвод е водата. Чистачот со едно полнење може да работи до осум часа.

Благодарение на напредните перформанси, Lynx H2 5000 отвора ново поглавје во одржувањето на урбаните средини, претставувајќи низа иновативни предности. Чистачот може да носи над 10 кг водород под притисок од дури 700 бари, што е напредна технологија која е реткост во автомобилската индустрија.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Rasco)

Сподели!
- Advertisement -