САД ги зголемуваат царините на електричните возила од Кина од 25% на 100%, соопшти денес Белата куќа, после низата остри мерки со кои администрацијата на Џо Бајден сака да го ограничи увозот од Кина.
Новите царини ќе се применуваат не само на електричните возила, туку и на батериите и на соларните панели, полупроводниците, дигалките и на некои медицински производи, меѓу кои заштитните маски.
„Денешната објава е одрз на преданоста на претседателот Џо Бајден на грижата за американските работници. Кога сме соочени со непочитување на правилата на конкурентност и непочитување на праксите од странство, претседателот ќе употреби се што му е на располагање за да ги заштити американските работници и индустријата“ велат од Белата куќа.
Оттаму додаваат дека овие мерки се потребни затоа што Кина ги преплавила светските пазари со вештачки создаден евтин увоз и Бајден реагира и покрај тоа што настојува да ги стабилизира односите со Пекинг.
Како што тврдат, Бајден го посетил своето родно место Скрентон во Пенсилванија и со сопствени очи се уверил ѓто се случува кога производството ќе се префрли во други земји и затоа сака да осигура чесна конкуренција.
„Битно ни е да преземеме нешто пред новиот порсат на кинескиот извоз и нивниот континуиран притисок на цените, кои ја отеѓнуваат конкурентноста на американските челичарници“ изјави Бајден.
Илон Маск, извршен директор на компанијата за производство на електрични автомобили Tesla, исто така постојано предупредува дека кинеските производители имаат нечесна предност.
Според податоците на американската влада, овие мерки ќе влијаат на извозот од Кина, кој изнесува 18 милијарди долари. Се очекува дека Пекинг ќе возврати со контрамерки.
(24sata)
(фото: Wikimedia)