И оваа година Гранд Скопје останува главен поддржувач на Конференцијата за недвижности Скопје како еден од најистакнатите и активно ангажирани чинители во урбанистичкото планирање што ги следи современите архитектонски трендови.
Посветеноста за поттикнување на развој и иновации на пазарот на недвижности, не само во Македонија туку и на меѓународно ниво, е главниот мотив за Гранд Скопје и оваа година да биде Prime Sponsor на Конференцијата за недвижности и преку своите врвни експерти да ја претстави успешната приказна на инвеститорот МГ Фешн токму преку комплексот Гранд Скопје.
Докажано искуство во градското урбанистичко планирање е причина што Гранд Скопје е главен поддржувач на панел дискусијата насловена „Урбанизација и урбано планирање“ во Рамки на Конференцијата.
Преку својот извонреден пример „Новото обележје на градот“, Гранд Скопје пред присутните ќе претстави како урбаното планирање влијае на долгорочниот развој на градот.
Во фокус на станбено-деловниот комплекс Гранд Скопје е редефинирањето на урбаната слика на центарот на градот. Чувствувајќи ги потребите на граѓаните за квалитетен градски живот, покрај премиум домување, во рамки на комплексот е предвиден нов урбан парк на површина од близу 7.500 м2 што е приближна големина на Плоштадот Македонија. Паркот ќе содржи разновидно парковско зеленило налик на светските урбани паркови во кое жителите и посетителите ќе уживаат во оаза на спокој среде раздвижениот градски пејзаж.
Покрај тоа, Град Скопје директно го поддржа и панелот насловен „Канцелариски згради“ на кој професионалците кои работеа на проектот ќе ги споделат трендовите, како и искуствата за успешно справување со предизвиците што ќе одговорат на променливите потреби на компаниите.
Гранд Скопје подготвува и ексклузивно изненадување за присутните на Конференцијата, но и сите заинтересирани за инвестирање во иднината и во домување со ознака за квалитет, удобност и безбедност.