Научници открија неверојатна практична примена на талогот од кафе

- Advertisement -

Секоја година светот произведува 10 милијарди килограми отпад од кафе, од кои најголем дел завршува на депонија. Сега истражувачи од Австралија открија дека со обработка на талогот и додавање во бетонот ќе добиеме бетон кој е 30% поцврст .

Нивниот паметен рецепт може да реши повече проблеми во исто време затоа што складирањето на органскиот отпад е предизвик за животната средина затоа што емитува големи количини стакленички гасови, вклучувајќи метан и јаглерод диоксид, кои придонесуваат за климатските промени, објаснува инженерот Раџив Ролченд.

- Advertisement -

Со растот на глобалниот пазар за градежништво, постои и се поголема побарувачка за бетон, што исто така создава низа еколошки предизвици. Постојаното вадење на песок од речните користа и бреговите за да се задоволат потребите за бетон има големо негативно влијание врз животната средина.

Ако се применува циркуларна економија, може да се задржи органскиот отпад надвор од депониите и подобро да се сочуваат природните ресурси. Органските производи како талогот од кафе не можат да се додадат директно во бетонот затоа што испуштаат хемикалии кои ги ослабнуваат градежните материјали. Затоа, користејќи ниски нивоа на енергија тимот австралискиннаучници го загреал талогот кафе на над 350 степени Целзиусови и го извадиле кислородот од него.

- Advertisement -

Тој процес се вика пиролиза и ги разградува органските молекули, што резултира со порозен јаглен, кој може да формира силни врски со цементната матрица и со самото тоа се вградува во неа.

Астралиските истражувачи се обиделе да пиролизираат и талог од кафе на 500 °C, но добиените четисчки кои ги нарекле биојаглен не биле цврсти. Тимот работи на создавање биојаглен и од други извори на органски отпад, како што е дрвото, отпадот о храна и земјоделскиот отпад.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -