Швајцарци ја направија совршената чоколада

- Advertisement -

Универзитетот ETH од Цирих се дружи со прехранбената индустрија за да произведат чоколада од цел плод на какао, која е поодржлива и повкусна. Тие научници сигурно ја имаат најубавата работа во светот – да создадат нов вид на совршена чоколада.

Главните компоненти на чоколадата се какао маса и какао путер, кои се добиваат од плодот на какаото. Она што е малку познато е дека плодот на какаото содржи дополнителни вредни состојки кои досега не беа доволно искористени.

- Advertisement -

Затоа, истражувачите од ETH заедно со индустријата за чоколади работат заедно за максимално искористување на плодот на какаото, што ќе ја зголеми профитабилноста, а чоколадата ќе ја направи поздраво слатко уживање.

Како дел од проектот Innosuisse, истражувачкиот тим под водство на професорот Ерих Виндхаб работеа заедно со стартапот Koa, кој е посветен на одржливо одгледување какао, и со швајцарскиот производител на чоколада Felchlin за да го создадат рецептот за новата чоколада.

- Advertisement -

Додека конвенционалната чоколада ги користи само зрната во плодот на какаото, истражувачите сега го употребиле и месестиот дел и делови од лушпата за својот рецепт. Тие ги преработиле во прав и ги помешале со делови од пуплата за да добијат гел од какао. Таа супстанција слична на желатин е многу слатка и може да го замени шеќерот во прав кој се додава во чоколадите.

Истражувачите се обидуваат да докажат дека чоколадата може да содржи и до 20% гел, што е еднакво на чоколада со 5%-10% шеќер во прав. Со користење на таков какао гел како засладувач чоколадата може да се пофали со поголема содржина на влакна од просечната темна чоколада, а содржи и само 23 грама заситени масти, за разлика од вообичаените 33 грама.

- Advertisement -

Тоа значи дека истражувачите од ETH успеаја да ја зголемат содржината на влакна за 20%, а да ја намалат количината заситени масти за 30%. Меѓутоа, новата чоколада нема наскоро да се најде во продавнциите. Иако докажаа дека нивната нова чоколада е атрактивна и има споредливо сетилно искуство со нормалната чоколада, ќе мора да се прилагоди целиот синџир на производство пред да се најде во продажба.

Студијата за новата совршена чоколада е објавена во списанието Nature Food.

(Vidi.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -