За помалку од седум години, повеќе од 18.000 домаќинства на Запaден Балкан (ЗБ) инвестираа над ЕУР 100 милиони во технологии кои заштедуваат енергија, како што е изолација, топлотни пумпи, нови прозорци или соларни панели, благодарение на регионалната ГЕФФ Програма (Програма за финансирање на зелена економија – Green Economy Financing Facility (GEFF) programme), за Западен Балкан, промовирана во 2017 година.
Обележувањето на успехот на програмата, преку регионалната конференција Позелен Западен Балкан, се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина на 28 мај 2024 година, и беше посетена од над 200 учесници од сите 6 земји на Западен Балкан, како и Партнерските финансиски институции (ПФИ), регулаторите и заедницата на донатори. Претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ги претставија подобрувањата кои доведоа до намалување на јаглеродниот диоксид, за повеќе од 25.000 тони годишно и беа постигнати 70.000 MWh годишни заштеди на енергија. На конференцијата се водеа експертски дискусии преку панели и успешни приказни, каде учесниците се залагаат за забрзување на натамошно забрзување на зелената транзиција во годините кои следат.
По успешното регионално претставување на програмата, како и растечкиот интерес на финансирање на енергетската ефикасност, капацитетот на финансирање на ГЕФФ Западен Балкан се зголеми од ЕУР 135 милиони, на ЕУР 415 милиони, со планови за натамошно проширување на програмата. Финансирањето ќе биде спроведено преку локалните партнерски финансиски институции и ќе дозволи повеќе домаќинства во регионот да ја подобрат енергетската ефикасност на своите домаќинства.
Александра Вукосављевиќ, Директор, Финансиски институции, Западен Балкан и Источна Европа, ЕБОР, изјави: ,, ЕБОР ГЕФФ Програмата на Западен Балкан помогна во унапредување на регионалната транзиција кон позелена економија во станбениот сектор, преку испорачување на видливо намалување на емисиите на јаглероден диоксид и намалување на трошоците за електрична енергија на домаќинствата и заедниците, зајакнувајќи ја економската и еколошката одржливост. Ни претставува задоволство што помогнавме на голем број домаќинства на Западен Балкан да инвестираат во подобрување на заштедата на енергија. Справувањето со загадувањето на воздухот и намалување на интензитетот на енергијата, е еден од врвните приоритети на ЕБОР во регионот. Со оглед на фактот дека станбениот сектор е еден од најголемите учесници во потрошувачката на енергија во регионот, ќе продолжиме да ја прошируваме нашата поддршка преку ГЕФФ Програмата, како една од нашите клучни столбови на поддршка, за подобрување на енергетската ефикасност во станбениот сектор.”
Настанот во Сараево е организиран за да се прослават достигнувањата на ГЕФФ Програмата, но и да се наградат партнерските финансиски институции кои учествуваат во програмата. Наградата за вонредно постигнување беше доделена на сите 30 партнерски финансиски институции од Западен Балкан. На конференцијата имаше динамични панел дискусии за улогата на финансискиот сектор во зелената трансформација на станбениот сектор, како и дискусиите за забрзување на политичките реформи за инвестирање во рамки на Бранот на реконструкција. Беа водени дискусии за зелените станбени технологии, одржливи инвестиции во градежништвото, и стратегии за натамошно зајакнување на искористеноста на ГЕФФ, сите поткрепени со извонредни успешни приказни.
ГЕФФ Западен Балкан е програма основана од ЕБОР со поддршка на донаторите и обезбедува специјализирани кредитни линии за зелени инвестиции на начин кој води грижа за родовата еднаквост во станбениот сектор (индивидуално живеење, компании кои управуваат со домување и менаџирање на станбени објекти, компании кои пружаат услуги во станбените објекти, производители и продавачи на зелени технологии и материјали, како и градежни компании.) ГЕФФ поддржува инвестиции и дава техничка помош, поддржана со грантови од Европската Унија (ЕУ) преку Инвестициската Програма за Западен Балкан, Владите на Австрија и Јапонија, како и Австрија и Швајцарија преку Партнерството за влијание на климатските промени (High-Impact Partnership on Climate Action – HIPCA), поддржано од Австрија, Канада, Финска, Кореа, Холандија, Швајцарија, Шпанија, Меѓународен фонд за корпоративен развој Тајван и Велика Британија.