Норвешката рударска компанија Rare Earths Norway објави дека го открила најголемото европско наоѓалиште на високо ценети и ретки земјини метали, што може да претставува пресвртница за оваа земја и за целиот регион.
Компанијата проценува дека има 8,8 милиони тони оксиди на минерали од ретки земји на локацијата Фен на југоистокот од Норвешка и смета дека изгледите за експлоатација се поволни. Како што наведуваат, истражните работи на оваа локација ќе продолжат, а дополнително дупчење е закажано за следниот месец.
Компанијата очекува до 2030 година да започне првата фаза од рударските работи.
Тоа е едно од ретките наоѓалишта кои не се во сопственост или под контрола на Кина, пренесува CNBC.
Се очекува дека побарувачката за ретките елементи ископани од земја ќе расте експоненцијално во наредните години поради енергетската транзиција, а со помош на ова наоѓалиште Европа би можела да ја намали зависноста од Пекинг.
(Bizlife)
(фото: Pixabay)