Повик за компании: Аплицирајте за користење на бесплатна експертска поддршка од канадски советници

- Advertisement -

Македонија2025 објавува повик за апликации од македонски компании за Битов – Програмата за претприемачи.

Битов – Програмата за претприемачи е основана во соработка со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization). Catalyste+ е канадска организација со 50 годишнo искуство во меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор односно бизниси кои ќе просперираат на национално и меѓународно ниво.

- Advertisement -

Македонија2025 има заедничка мисија со Catalyste+ да влијае на подобрување и зајакување на конкурентноста на македонските компании и ја спроведува оваа програма во Македонија од 2018 година. Досега, преку оваа програма се поддржани над 30 македонски компании. Советниците на Catalyste+, кои се професионалци со богати професионални кариери, ќе ја донесат својата експертиза директно во Македонија, и ќе работат на конкретни предизвици со кои се соочуваат македонските компании, согласно нивните барања и потреби.

Македонија2025 целосно ја покрива тарифата за советникот, како и  доаѓањето до Македонија. Компаниите имаат обврска да обезбедат сместување, оброци и локален транспорт за советникот (доколку е потребно).

- Advertisement -

Кој може да се пријави?

Програмата е наменета за микро, мали и средни компании* кои ги исполнуваат следните услови:

- Advertisement -

     • Минимум една година од постоење на компанијата;

     • Сопственик и управител на компанијата е македонски државјанин и жител;

     • Лице од компанијата кое ќе биде постојано достапно на консултантот, најтесно ќе соработува со него за време на посетата и има добро познавање на англиски јазик;

     • Високо ниво на посветеност од страна на менаџментот на компанијата;

     • Во добра финансиска состојба (има можност за спроведување на промените и препораките од консултантот);

     • Ги исполнуваат критериумите за микро, мали и средни компании.

По можност да работат во следните дејности: финансии, туризам и угостителство, агро-бизнис, ИКТ, менаџмент на природни ресурси, обновливи извори на енергија, прехранбена индустрија итн.

*Предност ќе имаат компании кои се извозно ориентирани и нудат иновативни решенија.

Повеќе за програмата, начинот на аплицирање и потребна документација ќе ги најдете ТУКА.

За искуствата, и придобивките на компаниите кои учествувале во програмата погледнете ТУКА.

Краен рок за пријавување: 31.07.2024 год.

Сподели!
- Advertisement -