A1 Македонија заедно со деловните корисници во Тетово на тема сајбербезбедност

- Advertisement -

По големата конференција A1SecuriThink на тема „Заштитете го вашиот бизнис“ во Скопје, А1 Македонија организираше средба со деловните корисници овој пат во Тетово, на која најголемите и влијателни бизнисмени во овој регион имаа можност да слушнат за најновите трендови и стратегии во дигиталната индустрија за заштита на бизнисите и на организациите од сајбернапади. 

На средбата беа презентирани светските и домашните искуства во областа на сајбербезбедноста, пред сè во доменот на заштита од сајбернапади, како и дел од услугите што А1, како доверлив партнер, ги нуди во своето портфолио.

- Advertisement -

Kонференцијата ја отворија директорот за продажба на А1 Македонија, Александар Сарџовски, и директорот за бизнис-продажба и ИКТ-услуги, Стевчо Ристевски, кои ја нагласија визијата на А1 Македонија да биде двигател на дигитализацијата на македонското општество, да го поттикне дигиталниот начин на живеење и, пред сè, да понуди дигитални алатки и решенија што ќе обезбедат безбедност во сајберпросторот за успешно водење на бизнисите.

„Нашата посветеност во обезбедување пристап до најбрзата мобилна и супериорна оптичка мрежа, преку која ги нудиме најдобрите можни дигитални ИКТ-решенија како и најдобрите решенија за сајберзаштита на бизнисите, се препознаени од нашите деловни корисници и затоа низ годините успеавме да изградиме доверлив и партнерски однос“, истакна Сарџовски.

- Advertisement -

„Искрено веруваме дека средбите во оваа форма се од големо значење за нашите корисници, кои, пак, покажаа огромна заинтересираност за најновите случувања и за најдобрите практики во сајбербезбедноста. На оваа средба во Тетово, тие се уверија дека нашиот тим експерти од А1 се на располагање за да обезбедат поддршка на секој чекор од патот за користење на овие услуги што процесот на имплементација на нашите решенија го прави многу полесен и поедноставен“, потенцира Ристевски.

Пред публиката составена од клиенти од различни индустрии, детали на темата презентираше раководителот на одделот за ИКТ-решенија и партнерство Иво Пауновски, кој преку практични примери, во своето излагање ја истакна сериозноста од сајбернапади и важноста од заштитата на компаниите во сајберпросторот и одблиску ги презентираше решенијата за сајбербезбедност што се нудат во портфолиото на А1 Македонија.

- Advertisement -

А1 Македонија продолжува со организација на средбите и во наредниот период.

Сподели!
- Advertisement -