Извршниот директор на Tesla и SpaceX, Илон Маск, повторно даде храбри изјави за роботот Optimus на Tesla. Маск рече дека роботите ќе ја зголемат вредноста на Тесла на 25 милијарди и дека илјадници од нив ќе работат во фабриките на оваа компанија до следната година.
Тој исто така рече дека Optimus не само што ќе служи како практичен робот, туку ќе стане придружник, дури и дадилка.
Најновиот модел на Tesla роботот Optimus ја носи ознаката Gen 2 и доби неколку подобрувања во споредба со претходната верзија. Овие подобрувања вклучуваат екстремитети со 22 степени на слобода, кои му овозможуваат на роботот да изведува различни активности. Сето тоа е демонстрирано во неколку видеа.
Сепак, тврдењата на Маск секогаш треба да се земат со резерва, затоа што така налага искуството. Меѓу другото, во 2021 година тој тврдеше дека Тесла ќе има целосно самоуправувачки автономни возила на ниво 5 до крајот на годината.
Optimus има функционалност слична на ChatGPT за да може да разговара со сопственикот. Ова е во согласност со целокупната визија на Маск да ги направи технологиите на научна фантастика попристапни. Сепак, идејата дека Optimus може да стане човечки придружник во блиска иднина изгледа тешка да се реализира.
Маск зборуваше за Optimus за време на годишното собрание на акционери во Остин, Тексас.
“Тоа е ваш придружник, може да биде во вашиот дом, да ги чува вашите деца и да игра улога на учител. Може да работи и фабрички работи. Мислам дека секој во светот ќе сака да има еден, буквално секој”, изјави Маск.
(Klix.ba)
(фото: YouTube)