Google Translate добива поддршка за 110 нови јазици

- Advertisement -

Google додаде поддршка за 110 нови јазици на својот преведувач на Google Translate.
Досега Google Translate поддржуваше 133 јазици, така што оваа нова експанзија, за која Google вели дека е најголема досега, e значителен скок.

Јазичниот модел на Google PaLM 2 AI му помогна на Translate да „учи“ нови јазици, а особено е добар во учењето на јазиците поврзани со други јазици.

- Advertisement -

Списокот со нови јазици го вклучува кантонскиот, кој долго време е еден од најбараните за Google Translate. Бидејќи овој јазик често се преклопува со мандаринскиот во писмена форма, тешко е да се најдат податоци и модели за обука.

Околу една четвртина од новите јазици потекнуваат од Африка. Повеќето од новите поддржани јазици ги зборуваат најмалку милион луѓе, додека некои од нив ги користат стотици милиони луѓе.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Google Translate)

Сподели!
- Advertisement -