- Advertisement -
Британската компанија Skytrax, која се занимава со евалуација на авиокомпаниите, ја објави листата на најдобрите за 2024 година. На самиот врв беше Катар ервејс, а европските авиокомпании не успеаја да влезат во првите пет.
Во првите пет се и Singapore Airlines, Emirates, ANA All Nippon Airways и Cathay Pacific Airways.
- Advertisement -
На шесто место е Japan Airlines, а само на седмо е една европска компанија, а тоа е Turkish Airlines. Во првите десет се и EVA Air, Air France и Swiss International Airlines.
Интересна е и листата на нискобуџетни авиокомпании. На прво место е AirAsia, а меѓу првите десет е Ryanair кој го зазема 10-то место.
- Advertisement -
(Нетпрес)
- Advertisement -