Вселенски огномет како најава за раѓање на нова ѕвезда – нови фотографии на телескопот James Webb

- Advertisement -

Вселенскиот телескоп James Webb сними вселенски огномет околу протоѕвезда оддалечена околу 460 светлосни години од Земјата. Протоѕвездата L1527, сместена во соѕвездието Бик, е опкружена со молекуларен облак додека е во процес на станување ѕвезда. Според НАСА, L1527 е стара околу 100.000 години, што ја прави еден од најмладите објекти во космосот.

Како што објаснува НАСА, протоѕвездите се збирка на меѓуѕвезден гас и прашина, кои се привлекуваат еден кон друг од гравитацијата за да формираат ѕвезда. Во овој процес се формира молекуларен облак налик на песочен часовник и како што протоѕвездата продолжува да старее и ослободува енергија, таа ќе оттурне голем дел од облакот, а многу од структурите што се гледаат на сегашните фотографии ќе почнат да бледнеат.

- Advertisement -

Кога ќе заврши со собирање маса, вселенскиот огномет ќе заврши, а самата ѕвезда ќе стане повидлива. Вселенскиот телескоп James Webb испраќа фотографии од вселената откако пристигна на својата дестинација во јануари 2022 година.

(N1)

- Advertisement -

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -