Зголемувањето на сиромаштијата во ЕУ може да се види во чиниите на нејзините граѓани

- Advertisement -


Во текот на 2023 година речиси секој десетти жител на Европската унија не можел да си дозволи оброк кој содржи месо, риба или вегетаријанска замена секој втор ден, објави Евростат. Во 2023 година, 9,5% од жителите на ЕУ не можеле да си обезбедат таков оброк, додека овој процент за 2022 година бил помал и изнесувал 8,3%.

Процентот на граѓани кои се во ризик од сиромаштија во 2023 година во ЕУ изнесувал 22,3%, што е за 2,6 процентни поени повеќе во споредба со 2022 година (тогаш стапката била 19,7%).

- Advertisement -

На национално ниво, најголем процент на луѓе во ризик од сиромаштија кои не можат да си дозволат соодветен оброк е забележан во Словачка (45,7%), потоа следуваат Унгарија (44,9%) и Бугарија (40,2%). Од друга страна, најмало учество е забележано во Ирска (4,2%), потоа во Кипар (5,0%) и во Португалија (5,9%), објави Евростат.

На ниво на ЕУ, разликата меѓу вкупното население и населението во ризик од сиромаштија, во однос на достапноста на соодветен оброк, е 12,8 процентни поени (кога се споредуваат двата проценти).

- Advertisement -

„Кога станува збор за поединечни земји, Унгарија забележа најголем јаз со 30,2 процентни поени (п.п.). Следуваат Словачка (27,9 п.п.) и Грција (27,3 п.п.). За разлика од нив, најмали разлики забележаа Шведска, Кипар, Луксембург, Португалија и Ирска – сите под 4 процентни поени“, посочува Евростат.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -